ЗАСТАНИ ЗА КОМШИЈА

Бесплатно споделување на возење
ЗАСТАНИ ЗА КОМШИЈА е доброволна и непрофитна иницијатива за делење на празните места во автомобилите кои од скопските сателитски населби се движат кон градот.
Секој кој има добра воља да го подели празното место во своето возило при движење во еден правец и секој на кој му треба превоз во истиот правец може преку креираните канали и означените места да ја остварат мисијата на иницијативата.
Поврзи се со луѓе од твојот крај, сподели возење, заштеди пари и придонеси за помал метеж и почиста животна средина.